Вучиќ се пофали: Нашето БДП е најдоброто во Европа


Оваа година, според растот на бруто домашниот производ (БДП), Србија ќе биде најдобра во Европа и веруваме дека падот на БДП ќе биде помал од минус еден, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министрите и директорите на јавните претпријатија задолжени за стратешки проекти области на инфраструктура, рударство, енергија и економија.

Вучиќ на прес-конференцијата рече дека податоците укажуваат и на тоа дека Србија ќе биде најдобра во Европа „во областа на растот на БДП“ во тригодишниот период, кој го вклучува периодот до 2022 година, а можеби дури и подоцна, и дека тоа е „суштината на економијата“. Тој предвиде и дека економскиот раст во 2021 година ќе биде шест проценти.

Ќе се обидеме да го вратиме целиот долг кон Азербејџан од 170 милиони евра до крајот на годината и со тоа да го намалиме нивото на јавен долг за 0,4 проценти, најави тој.

Вучиќ изјави дека за време на кризата, нивото на јавен долг во Србија се зголеми за 5,7 проценти и претставува 57,9 проценти од буџетот, но дека тој е под контрола.

Во последниве години, состојбата е подобрена, но јас не сум задоволен, напомена Вучиќ, особено изразувајќи незадоволство од планирањето на буџетот на локалните самоуправи.


Видете следно

Кина ги надминува Соединетите држави и станува најголемата економска моќ

Кина може да ги надмине Соединетите држави како најголема економија во светот, вели економистот на …