Wizz Air воведе наплата за дополнителен рачен багаж во кабината на авионот


Wizz Air, авиокомпанија со најбрз раст во Европа, и лидер во ниско-буџетни компании во Централна и Источна Европа, денес ја објави својата нова и транспарентна полиса за багаж, која е со цел за полесно чекирање на патниците и гарантира сите патници да имаат една бесплатна торба која ќе ја понесат со себе во кабината на авионот за сите летови на Wizz Air, почнувајќи од 1 ноември 2018.

Историјата на авиокомпанијата покажува дека повеќе од 10 000 летови годишно се подлежни на закаснувања поврзани со багажот. Фактите исто така покажуваат дека во изминатите 5 години, просечната должина на престојот во друга дестинација постојано се намалува и до сега секој трет патник на Wizz Air, купува карти за три или помалку денови. Како последица на краткото патување, патниците на WIZZ се пакуваат, лесно и паметно. Секој трет патник понесува рачна торба, додека секој седми патник се одлучил за рачен торба со тркалца кој може да се понесе на самиот лет.

Од 1 ноември, секој патник има право да понесе една беспатна рачна торба на лет (40x30x20cm), додека патниците кои имаат купено WIZZ Priority, ќе им биде дозволено да понесат и една торба со тркалца  (55x40x23cm) во кабината на авионот. Базирајќи се на потребите на патниците и на новите стандарди на патување, Wizz Air воведе 10kg чекиран багаж кој ќе го олесни удобното патување на патниците со цени почнувајќи од само €7.

Новата фер и чиста полиса на авиокомпанијата е полиса со повеќе опции за патниците, која им овозможува на патниците на WIZZ да одберат од повеќе од 50 опции за багажот на лет и чекиран багаж според нивните индивидуални преференции.

Јохан Еидхаген, Главен маркетинг директор на Wizz Air вели: Патниците сакаат разновидни продукти и тоа е суштината на овој модел со ултра ниска цена, кој го применува Wizz Air. Сакаме да им ја понудиме на патниците најниската можна цена, како и транспарентен поглед во цената на картата. Под разновидни услуги и продукти, Wizz Air го демократизира начинот на патување  и овозможува плаќање по потреба.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …