Xiaomi ги претрка Huawei во продажба на паметни телефони


Xiaomi успеа да најде место меѓу првите тројца производители на паметни телефони во февруари 2020 година, пред Huawei за прв пат во историјата, покажуваат податоците на Strategy Analytics, пренесува GSMArena.

Huawei е на третата позиција откако испорача само 5,5 милиони паметни телефони во вториот месец од годината. Во исто време, Xiaomi продаде 6 милиони парчиња. И двете компании (како и сите други во првите 5) забележаа значителен пад во однос на јануари, како резултат на ширењето на „Ковид-19“ во Кина, втората најголема економија во светот.

Huawei испорача скоро 70% помалку телефони во февруари 2020 година во однос на истиот месец претходната година. Испораките Xiaomi се намалени за околу 30 проценти. Вкупно, во февруари 2020 година биле продадени 62 милиони телефони, што е намалување за 39% од 2019 година.

Samsung се очекува да го одржи водството од 18,2 милиони во вториот месец од годината, а потоа следува „iPhone“ со 10 милиони. Корејската компанија исто така забележа најмал пад на продажбата на годишна основа – 13%.

Huawei изгуби од продажбата надвор од Кина затоа што нејзините телефони немаат пристап до услугите на Google. Ширењето на коронавирусот практично го уништи пазарот во февруари, па не е јасно дали станува збор за привремена состојба или почеток на трајната промена кај првите три производители.


Видете следно

До сега произведени и донирани вкупно 6500 визири

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6500 заштитни маски со визири финансиски поддржани …