Yahoo ја купува компанијата Flurry


Технолошкиот гигант Yahoo ја купува платформата за анализи на мобилни апликации Flurry. Целта е, на овој начин да се подобрат приходите од мобилно рекламирање.

Flurry помага на развивачите на апликации да се анализира однесувањето на своите корисници за да можат да им обезбедат повеќе таргетирачка реклама, информираше “Би-Би-Си”.

Цената на зделката не е објавена официјално, но според експертите, таа е помеѓу 200 и 300 милиони долари. Ако информацијата е точна, тоа е едно од најскапите купувања на Yahoo, откако компанијата го купи Tumblr во 2012 година.

Договорот доаѓа само неколку дена откако технолошката компанија објави дека профитот за вториот квартал се намалил за 18%.

Приходите исто така се намалиле – со 3% до 1,08 милијарди долари. Во голема мера падот се должи на негативните податоци од дигиталната реклама, која паднала со 8%.

 


Видете следно

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Сан Франциско, 5 декември 2020 (МИА) – Камерата на секој паметен телефон ќе може да дијагностицира …