Yahoo ја купува компанијата за видео реклами BrightRoll


Технолошкиот гигант Yahoo објави дека ќе ја купат компанијата за дигитални видео реклами BrightRoll, за 640 милиони долари, информираше „БиБиСи”.

Ова ќе овозможи на платформата за видео реклами на Yahoo да станат најголемата во светот, велат од софтверската компанија. Во моментов BrightRoll изработува видео реклами за некои од најголемите светски брендови, а нето приходите се очекува да надминат 100 милиони долари оваа година.

Зајакнувањето на рекламниот бизнис ќе им овозможи на Yahoo да го надоместат до одреден степен најслабиот раст и намалените приходи.

Во минатиот месец Yahoo забележа пад на приходите од реклами во износ од 5% во однос на претходната година. Компанијата не успеа да се справи со конкуренцијата на Google, чиј приход од истата дејност го зголемува со 17% за периодот јули – септември.

Во исто време стекнувањето на BrightRoll е првото големо купување на Yahoo, откако компанијата доби 9,4 милијарди долари од продажба на дел од својот удел во кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba.

Во октомври, пак, се појави информацијата дека Yahoo ќе инвестира милиони долари во стартување на компанијата за пораки Snapchat.

Code Embed: No embed code was found for CODE2


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …