Yahoo платиле 30 милиони долари на 17-годишно дете


Најголемиот американски веб портал Yahoo ја купиле мобилната стартап компанија Summly за 30 милиони долари. Ова го соопшти агенцијата “Блумберг”, а зделката беше прогласена официјално вчера, но без притоа да се споменуваат детали околу неа.

Парите ќе одат во џебот на 17-годишниот сопственик на Summly Ник Д’Алоисио. Во Summly Д’Алоисио и неговиот тим креирале мобилна апликација, чија основна функција била да дава новински статии на малите екрани на Smartphones и таблети.


Освен што ќе ја добие огромната сума 17-годишниот Д’Алоисио ќе пристигне на работа во Yahoo, заедно со дел од своите колеги од Summly.

Зделката е уште еден потег од стратегијата на главниот извршен директор на Yahoo!, Мариса Маер да се фокусира компанијата на персоналните веб услуги кои се достапни во мобилните уреди.


За таа цел, интернет гигантот ја презел политика на привлекување на кадри млади инженери преку купување на мали технолошки стартап компании.


Видете следно

ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата …