Yahoo се спрема за нов дизајн


Една од најпопуларните страници на интернет ќе биде променета.

Американската интернет страна Јаху! (Yahoo!) соопшти дека ќе ја преработи почетната страница yahoo.com, за да ја направи “повеќе модерна”, и подобро скроена за пристап од мобилните уреди, пренесоа светските агенции.

Новата страница ќе биде оптимизирана за употреба на персонални компјутери, паметни телефони и таблети и е побрза од претходната варијанта, истакна главниот извршен директор, Мариса Маер.

Маер, која има 37 години, беше ангажиран на работа во во јули, откако 13 години градеше кариера во Гугл (Google), каде играла клучна улога за развојот на водечките производи на компанијата, потсетуваат агенциите.


Видете следно

РКЕ: НЕТОЧНИ И НЕОСНОВАНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОСТАНАТИТЕ ПРОИЗВОДИ

   Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни …