YouTube и Facebook ќе треба да добијат лиценца од носителите на правата за да ја емитуваат својата содржина на нивните мрежи


Откако беше одобрен од Европскиот парламент во март, новата Директива за авторски права на ЕУ, исто така, беше одобрена од земјите-членки на Европска Унија. Мерките се наменети да одговорат на напредокот во технологијата и на новите начини на дистрибуција на содржини.

Вкупно 19 од вкупно 28 членки на ЕУ гласаа за реформата. Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Финска и Шведска гласаа против. Белгија, Естонија и Словенија се воздржаа. Сега членките на ЕУ имаат 24 месеци да ја имплементираат директивата во нивните национални правни рамки.

Според новите правила, сајтовите како што се YouTube, Facebook и Instagram ќе треба да добијат лиценца од носителите на правата за да ја емитуваат својата содржина на нивните мрежи. Тие, исто така, ќе мора да го следат новиот материјал ставен на нивните сајтови и да спречат дистрибуција на аудио, видео, текст или фотографии што содржат материјали заштитени со авторски права за кои не се платени потребните авторски права.


Видете следно

Кривична пријава за лице од Куманово, продавал фалсификуван накит

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава …