За еден ден 120.000 барања за „Freedom pass” од вакцинирани млади Грци


Само еден ден по отворањето на платформата за „Freedom pass” веќе се пријавиле 120.000 вакцинирани млади Грци на возраст од 18 до 25 години, кои ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку „Твитер” соопшти дека се доставени 120.000 барања и паралелно, ги повика младите да се вакцинираат.


-Биди и ти дел од големиот национален обид за заштита на јавното здравје. Закажи термин за вакцинација, напиша Мицотакис.

На крајот од минатиот месец беше соопштено дека Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass” односно електронска припејд картица што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности.

Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или пак да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн. ср/зш/
Атина, 21 јули 2021 (МИА)


Видете следно

СЗО: Во европскиот регион над 60 милиони заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

Женева, 3 август 2021 (МИА) – Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на …