За еден ден во светот нови повеќе од 718 илјади новозаразени со Ковид-19


Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во вчерашниот ден, од кои 35 отсто се потврдени во Европа, соопшти Светската здравствена организација во дневен извештај.

Во тој период, повеќе од 12.000 луѓе починале како резултат на вирусот.


Според официјалните податоци на СЗО, досега во светот се регистрирани 133,5 милиони заразени и 2,8 милиони смртни случаи од коронавирусот.

Најголем број новоинфицирани има во Европа, речиси 258.000, следат Северна и Јужна Америка со 247.000 новоинфицирани и Југоисточна Азија со околу 145 000.

Најголем број на регистрирани случаи се уште има во САДС – над 30 милиони, по што следат Бразил и Индија, каде што бројот на случаи е околу 13 милиони.

Женева, 10 април 2021 (МИА)


Видете следно

Во Њујорк задолжителна вакцинација за студентите

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат …