За една недела отстранети 129 непрописно паркирани возила во Општина Центар


Пајак службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во текот на изминатата недела од јавните површини во општината подигнала 129 возила.

Со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 61 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „Блокатор” санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.

Скопје, 4 август 2020 (МИА)


Видете следно

Северна Македонија и Албанија со спогодба ќе го заштитат рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро

Отстранување на пречките и подобра институционална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија е …