За фарбаните јајца и запалените свеќи …. Форма или традиција на една вера, но не и суштина!


Ни фарбаните јајца, ни запалените свеќи, ни шише масло, ни пар чорапи, ни крпа, ни трикратното крстење кога поминуваме покрај верски храм, ни било што друго од ваков вид, претставува БОЖОВНОСТ на еден човек, на еден град, на еден народ. Сето тоа е само ФОРМА или традиција на една вера, но не и суштина. Сето тоа без дела е МРТВИЛО И ТРУЛЕЖ…
Но за нас очигледно токму тоа е доволно, затоа што на тој начин си создаваме алиби пред себе и пред светот, станувајќи САМОЗАЛАЖУВАЧИ…
Ако не ја развиеме и активно практикуваме љубовта кон СИТЕ ДРУГИ ЛУЃЕ, без разлика на нивната вера или некоја друга различност, ако не ни е блиско сочувствувањето и помагањето на немоќните и на оние на кои им треба, ако не го јакнеме проштевањето, разбирањето на туѓите проблеми и бремиња и ако не помагаме да се справуваат со нив, туку само ги уверуваме дека И ТОА ЌЕ ПОМИНЕ, КАКО И СЀ ДРУГО, ако не го вселиме МИЛОСРДИЕТО И ЧИВЕКОЉУБИЕТО во нашите секојдневија, НИШТО НЕМА ДА НИ ПОМОГНЕ за да имаме пристоен и убав живот…
Не велам дека фарбањето јајца или палењето свеќи е за отфрлање, туку сакам да посочам дека тоа е САМО ФОРМА, ТРАДИЦИЈА ИЛИ КУЛТ и ништо друго. Суштински апсолутно ништо…
Помогнете на еден немоќен и тоа ќе ја надмине вредноста на 1.000.000.000 фарбани јајца или запалени свеќи.. И не дека јас така велам, туку Христос сам рекол: “Милост сакам, а не жртва” (Матеј 12,7)
По фарбањето јајца, направете некому добро дело, без да очекувате вратка и на прав пат сте. Инаку ЏАБЕ ФАРБАЊЕТО….
Нека е за многу години…



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …