За кои производи најмногу се жалат потрошувачите?!


Техничките производи, белата техника и производите во домот, се меѓу најзастапените производи за кои се жалaт потрошувачите. Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија покажуваат дека кај техничките производи најактуелни меѓу оштетените потрошувачи биле мобилните телефони и телевизорите, кај белата техника, најмногу се жалеле на машините за перење, инвертерите и фрижидерите.

Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот.

Од категоријата општо во која потрошувачите ги пријавуваат проблемите со попустите,
недоставените производи, барањето на информација и слично, најголем број поплаки се однесувале
на категоријата „недоставен производ”, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не
им бил доставен нарачан и платен производ на време.

Меѓу услугите најзастапени се поплаките за туристичките кои се однесуваат на изгубени куфери при трансфер со автобус.

Кај јавните услуги – телекомукациските, електрична и топлинска енергија, имало проблеми во сите, кај телекомуникациските граѓаните се жалеле на сметки, а кај електричната и топлинската енергија за сметки и за застарени сметки.

Во делот на специјалистичките советувања, најзастапени биле проблемите со осигурувањето, додека
поплаките за храна и домување се сведени на минимум, имајќи го предвид, наведуваат од Организацијата, фактот дека АХВ има бесплатна линија за поплаки и Одделение за заштита на потрошувачи.

Според ОПМ иако бројката на поплаки за финансиски советувања била мала, дел од советите се однесуваа на проблемите со кредитите, каматната стапка и трошоците за заверување кај нотар кои дополнително се наплатуваат.

Најголем дел од советувањата на граѓаните се остварени во советувалиштето на ОПМ во Скопје, односно 58 отсто. Во советувалиштето во Скопје се евидентирани и поплаки од 199 потрошувачи од други градови. Во вкупниот број совети се евиднтирани осум отсто од ОП Охрид, осум отсто ОП Битола, осум отсто ОП Штип, а 11 отсто од вкупниот број советувања се остварени од страна на Организацијата на потрошувачите на Кочани.

Организацијата нуди и ИТ механизми за електронско водење на советувања и статистичка анализа. Зголеменото користење интернет како канал за комуникација создава потреба од развој на онлајн алатки за подобрување на комуникацијата со корисниците на услуги од ОПМ. За таа цел е креирана апликација за електронско поднесување поплаки од потрошувачи која е
поставена на веб-страницата на ОПМ (www.opm.org.mk), https://mantikor.mk/opm_temp/indexpublic.php/.

Скопје, 24 август 2020 (МИА)


Видете следно

Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) преку платформата „eCommerce4All.mk” на едно место ги прикажува сите …