За неколку денови Facebook додава ново копче заедно со „Ми се допаѓа”


Социјалната мрежа Facebook претстави нова опција “задржи” за одложување на читањето на интересни за корисникот материјали во момент кога има повеќе време. Запазените материјали се лични, што значи пријателите нема да ги видат, освен ако не одлучите да ги споделите со нив.

„Секој ден луѓето се соочуваат со севозможни интересни работи на страниците на социјалната мрежа, но не секогаш имаат доволно време да ги прочитаат. Сега можете да зачувате сè што сте пронашле во мрежата и ве интересира, за подоцна да прочитате”, се вели во порака на компанијата.

Опцијата работи за сите медиуми, вклучувајќи уреди кои работат со мобилните платформи Android и iOS, пренесува АФП.
Копчето “задржи” (save) ќе биде веднаш до “ми се допаѓа” (like).

Од Facebook прецизираат дека периодично ќе никнуваат пораки за потсетување дека сте направиле соодветни обележувачи во “задржи”.

Новата функција ќе биде достапна за неколку денови.


Видете следно

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Сан Франциско, 5 декември 2020 (МИА) – Камерата на секој паметен телефон ќе може да дијагностицира …