За престој во Рим, ќе се плаќа двојно


Од денес Општина Рим ја крева таксата за престој, платена во хотелите во градот. Во некои случаи таа скокна двојно со цел да се наполни касата.

Хотелите со една и две ѕвезди преминуваат од такса две евра на ден и на човек на три евра или пораст за 50%. Хотелите со три ѕвезди преминуваат од две на четири евра, а оние со четири ѕвезди – од три на шест евра дневно, при што во последните два случаи зголемувањето е со 100%. Најлуксузните хотели со пет ѕвезди преминуваат од три на седум евра на ден или зголемување со 133%.

“Дел од надоместокот ќе послужи за подобрување на внесот на туристи и најмногу … за промоција на туризмот”, прецизираше Градското собрание на Рим на својот сајт. Градот има околу 12 милиони туристи годишно.

Трезорот на италијанската престолнина е на црвено заради нејзиното учество во различни компании, вклучувајќи ја и онаа за градскиот транспорт, кој редовно ја завршува фискалната година со дефицит. Здружението на европските туроператори (Етоа) категорично ja осудува оваа мерка, соопштена на туристичките оператори само пет недели порано.

“Финансиите на Рим треба да се во очајна состојба штом градот се решава на слична мерка. Предупредување пет недели порано е тажно признание за неуспехот на финансиско планирање” на градското собрание во Рим, изјави претседателот на Етоа Том Џенкинс.


Видете следно

Доставен обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција …