„Huawei“ е сеуште можен параван за кинеска шпионажа според САД


Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата „Хуавеј“ поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД.

Да потсетиме дека лани шест високи раководители на американските разузнавачки служби доставија извештај до разузнавачкиот комитет на Сенатот, во кој предупредија дека користењето производи и услуги на кинескиот производител на смартфони Хуавеј „не е препорачливо“. Меѓу потписниците беа директорите на ЦИА, ФБИ и НСА.

„Хуавеј“ е најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, но наиде на отпор кај владите од неколку земји поради страв дека неговата технологија може да биде користена за шпионажа.

При крај на минатата година Автралија и Нов Зеланд беа една од земјите кои го блокираа предлогот за користење на телекомуникациска опрема од кинескиот производител „Хуавеј“ поради загриженост околу националната безбедност, а врз основа на информациите за поврзаноста на кинеската компанија со владата во оваа земја.

Телекомуникациската компанија „Спарк Нов Зеланд“ сакала да ја користи опремата на „Хуавеј“ во развојот на својата 5G мобилна мрежа, но владината агенција соопшти дека ваков договор значително ќе ги зголеми ризиците по националната безбедност.

Компанијата е критикувана и во Германија, Јапонија и Јужна Кореја.

Исто така, при крајот на минатата година беше уапсена Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, во Канада. Менг, е инаку ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, а беше уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД. За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа.



Видете следно

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило …