ЗА СЕДУМ ДЕНА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 147 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР


ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.03. до 04.04.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 59 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.


Видете следно

295 санкции за брзо возење на патот Скопје-Охрид, продолжуваат засилените контроли (видео)

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, …