За шест месеци општина Гевгелија остварила 220 милиони денари приход


Гевгелија, 31 јули 2020 (МИА) – Советниците на општина Гевгелија денеска го усвоија кварталниот извештај за остварувањето на општинскиот буџет во првото полугодие од 2020 година според кој од вкупно проектираните 547 милиони денари биле реализирани 220 милиони денари приход или 40,17 отсто.

Заклучно со вториот квартал од годината, од вкупно планираните приходи од 233,5 милиони денари во Основниот општински буџет се отварени околу 97 милиони денари, што е 41,46 отсто реализација.

Од Општината велат дека ваквите остварувања покажуваат растечки тренд во споредба со истиот период лани, пред се поради фактот што во вториот квартал годинава финансиското работење се одвиваше во услови на КОВИД пандемија.


Видете следно

Колку нови случаи денеска се регистрирани кај нас?!

Ве молиме земете го предвид ова известување со корекција кај бројот на оздравени лица, точниот …