За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијардаи евра


Историските стапки на раст на кредитирањето од 39 отсто нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно,  со просечни стапки на раст од 8,4 отсто. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра.  

Во 2019 година – кредитен раст од 8,5% … 

Побарувачката на кредити од страна на домаќинствата забави во третиот економски квартал, со побраза динамика во однос на претходниот,  но според очекувањата на банкарите, овој тренд ќе се промени во последното тромесечје. 

“Нето-намалувањето на побарувачката на кредити кај секторот „домаќинства” во третиот квартал е спротивно со очекувањата на банките, дадени во претходната анкета. За четвртиот квартал од 2018 година, банките очекуваат нето-зголемување на побарувачката на станбени и потрошувачки кредити, како и во претходната анкета” – соопштуваат од Народната банка. 

Во периодот што измина, според анализите на банкарите, побарувачката на потрошувачки кредити е забавена додека кај станбените кредити забележано е мало, нето-зголемување. Најновите расположливи податоци покажуваат дека на крајот септември домаќинставата ( физички лица и самостојни вршители на дејност) во банките биле задолжени со 2 милијарди и 487 милиони евра. 

Кредитна задолженост на домаќинства: 


Видете следно

Украина позајмува 5,5 милијарди американски долари од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд објави дека постигнал принципиелен договор со Украина за заем од 5,5 милијарди …