За субвенции за инвертери 2.500 апликации, исплата од наредната недела


Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Околу 2.500 граѓани поднеле барања за субевции за инвертери во Скопје. На неколку пунктови тие веќе почнале да ги оставаат своите стари грејни тела, што е услов за исплата на субвенцијата, која треба да почне наредната недела.

-До крајот на минатата недела имаше околу 2.500 апликации за инвертери. Граѓаните веќе започнаа со предавање на старите печки со што се овозможува и формално да започне исплатата за купените инвертери, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој појасни дека постапката за субвенциите била во застој поради изборите и формирањето на новата Влада.

-Кога таа пречка формално правно беше отстранета, на определени пунктови граѓаните веќе почнаа да ги оставаат своите поранешни грејни тела за да ја добијат субвенцијата.

Исплатата на субвенцијата за инвертери, појасни тој, ќе почне од наредната недела, а веќе е почната исплата на субвенции за велосипеди и другите субвенции кои ги врши Градот Скопје.


Видете следно

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг” победник на конкурсот „Книжевен круг за проза”

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи …