Забраната за движење ја прекршиле 62 лица, 482 санкции за неносење маска


Од 20 часот на 6 април до 05 часот на 7 април 2021 констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19. мс/дма/

Скопје, 7 април 2021 (МИА)


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …