Заедно да ја поттикнеме детската креативност преку летното Design Thinking катче!


Да го започнеме ова лето заедно! Не ја пропуштајте оваа шанса да им дадете можност на вашите деца да ја искажат својата креативност!

За време на летното Design Thinking катче, секое дете преку својата бујна фантазија ќе може да креира решение за секојдневен проблем. Потребно е да се отворат вратите на детската фантазија и да се охрабри нивната креативност. Со таа цел, тимот на Innothink и Јавна Соба организираат петдневно Design Thinking катче каде најмладите умови ќе се запознаат со Design Thinking методологијата и ќе развијат емпатија која е неизоставен од нивниот раст и развој. Повеќе инфомарции за Design Thinking катчето можете да дознаете тука.

Летното Design Thinking катче ќе се одвива секој ден од 9 до 12:30 часот во Јавна Соба (Public Room) и првиот термин ќе трае од 17.06 – 21.06.2019.

Во текот на 5-те дена, децата ќе се запознаат со алатките на Design Thinking методологијата и ќе креираат прототип од нивната идеја, кој ќе го тестираат и презентираат на крајот на летното катче.

Зошто ова летното Design Thinking катче е идеално за вашето дете?

  1. Децата сакаат предизвици и да учат нови работи, а летното катче им го нуди токму тоа.
  2. Design Thinking методологијата ќе им овозможи нов пристап кон совладување на проблемите и решавање на задачите, воедно им нуди нова перцепција.
  3. Можност да ја изразат својата креативност без никакви ограничувања.
  4. Ќе научат што е емпатија и зошто е битна.
  5. Ќе се соочат со предизвици од реалниот свет и ќе создадат свое решение за истите.
  6. Ќе имаат можност да научат нови вештини и техники.
  7. Да им пружиме едно поинакво летно едукативно искуств со многу дружење и смеа.

Секое дете кое ќе учествува ќе добие сертфикат за успешно завршување на летното Design Thinkig катче, и ќе се стекне со нови пријателства. Местата се ограничени.  Пријавете го вашето дете заедно со неговото другарче и искористете ја можноста за попуст. Пријавете можете да ја пополните овде.

 


Видете следно

Работен состанок на градоначалникот Мицевски со изведувачите на тековните проекети за инвестивии во градежната  инфраструктура

Денес градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работен состанок со изведувачите на престојните проекти за  воведување во …