Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016


Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден од разговорите што се појавија во јавноста каде тој зборува за невладиниот сектор итн, рече дека тоа бил Александар Верушевски, синот на неговиот советник и поранешен директор на УБК Зоран Верушевски.

-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил, така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.

Во однос на работата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и случајот во Струмица, лидерот на СДСМ кажа дека работите во земјава се сменети и дека влез во објект полицијата може да направи само со судски налог и дека има истрага.

– Сменети се работите во Македонија, за одлука за притворање не носи МВР туку Јавното обвинителство. Влез во објект за претрес дава судот наредба, направија влез во Струмица. За тие работи постојат закони и има одговорност. Никој не може нешто да прави, ни да креира сценарија, бидејќи над Чулев има Влада, а над нив се граѓаните, истакна Заев на прес-конференција во партиското седиште на која главна тема беа економските мерки за справување со коронакризата.

Скопје, 19 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Фетел може да ја продолжи кариерата во Мекларен

Берлин, 29 април 2020 (МИА) – Пилотот во Формула 1, Себастијан Фетел од Ферари може …