Заев: До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран


До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското Езеро, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев при денешната посета на Дојран.

Тој оцени дека е важно да се чува еко-средината во и околу Езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран.

Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од пет милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк во Дојран со површина 35 илјади метри квадратни и финансиска помош од ЕУ и Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност и Општина Дојран.

-Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме” и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата, потенцира Заев.

Скопје, 29 јули 2020 (МИА)


Видете следно

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА – ОТСТРАНЕТИ 143 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (25.06 – 01.07.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …