Заев: Посветени сме на покачување на платите


Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари, објави на неговиот ФБ статус премиерот Зоран Заев.

– Посветени сме на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша премиерот Заев. цр/скс/

Скопје, 24 февруари 2021 (МИА)


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …