Breaking News

Захарова: Ова е потврда дека Западот ја испланирал војната против Русија


По денешната одлука на Германија да испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која одлуката ја оцени како „потврда дека Западот планирал војна против Русија”.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари минатата година ја почна инвазијата врз Украина, претставувајќи ја како „специјална операција во источна Украина”.


Западните земји и досега и помагаа на Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови „Леопард 2″ е нов чекор на Западот во обезбедувањето воена помош за нападнатата земја.

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја објави одлуката на САД за испраќање неколку десетици напредни тенкови „Абрамс” за Украина. сд/