Законите ќе треба повторно да бидат ставени на гласање – Претседателот Иванов не ги потпишува Указите за 11 закони


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за 11 закони кои беа изгласани во Собранието и го содржат новото име на државата Република Северна Македонија.

Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери е наведено дека во образложението кое Иванов го доставил за непотпишувањето на законите било наведено дека „секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и дека ќе ги брани интересите на Република Македонија“. Сега законите ќе треба повторно да бидат ставени на гласање – по што претседателот ќе мора да ги потпише како штои налага законот. За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.

Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за прогласување на шест закони: Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Претседателот исто така не ги потшиша ни Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година: Закон за изменување и дополнување на законот за данокот за додаде вредност, Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, закон за изменување и и дополнување на закон за субвенционирање на станбен кредит и закон за изменување и дополнување на закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.


Видете следно

Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност ќе даде позитивен импулс за натамошни инвестиции во ИКТ индустријата

Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност од страна на …