Заматена водата за пиење во Кавадарци поради дождовите, треба да се преврива


Поради обилните дождови на изворите Лукар има заматување на водата за пиење од градскиот водовод, информираа денеска од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.
– Се препорачува во следниот период превривање на водата која се користи за пиење,  додека не објавиме дека водата е исправна за пиење, соопштија од комуналното претпријатие. свд/дма/