Заменете ја стаклената амбалажа за семе за цвеќе!


Поминува летото, но сеуште имаме топли денови, а тоа е можеби идеално време да ги „засукате ракавите” и да го исфрлите непотребниот отпад кој ви зафаќа простор во домот, подрумот или гаражата. Доколку во вашиот дом имате големо количество стаклен амбалажен отпад од тегли и шишиња, а сте оневозможени да го одложите во некој од соодветните зелени контејнери, тогаш Пакомак ќе дојде да го собере директно од вашиот дом!

Дали знаете дека стаклената амбалажа која не се одложува соодветно завршува во депонија, каде што и’ се потребни повеќе од 1 милион години за да се разгради? Се’ повеќе луѓе почнуваат да го селектираат отпадот во нивниот дом пред да го одложат за рециклирање, а преку новата акција на Пакомак добивате можност да се ослободите од стаклениот амбалажен отпад од тегли и шишиња и истиот да го замените со семе за цвеќе.

Се’ што треба да направите е само да се јавите на телефонскиот број 072 26 66 26 во тек на работната недела (понеделник-петок) и да ги оставите вашите контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт. Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што ќе бидете информирани. Не заборавајте да ги одложувате секојдневните стаклени амбалажи. На тој начин ќе бидете сигурни дека стаклениот отпад ќе заврши на рециклирање и ќе добие нов живот, наместо да заврши на депонија каде ќе стои неупотреблив со години, а неретко и опасен, односно стаклото да биде причина за пожар.

Како знак на благодарност за соработката, Пакомак ќе ве награди со семе за цвеќе кое може да го засадите во вашиот дом за да ви го разубави секојдневието и симболично да ве потсети дека грижата за живиот свет е и ваша обврска. За најмалку две гајби тегли и шишиња или пак 6 (шест) килограми стакло, Пакомак ќе ви подари едно пакетче ароматични семиња за расад.

Одржувањето и подобрувањето на животната средина започнува од секој еден од нас, а потоа одговорноста се проширува низ заедницата како колектив. Во идеални услови веројатно сите би го селектирале отпадот, но предизвикот доаѓа кога нема услови и истите треба да бидат создадени. Новата акција на Пакомак го адресира токму тоа – создава услови за целото население правилно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината.

Запомнете: Со рециклирање директно помагате во креирање на подобра иднина. Бидете одговорни кон околината и животната средина и приклучете се кон акцијата на Пакомак, а додека чекате да ве контактираат, не заборавајте да ги одложувате тековните стаклени амбалажи во зелените контејнери во вашиот град.

Да селектираме и рециклираме заедно!


Видете следно

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг” победник на конкурсот „Книжевен круг за проза”

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи …