Заменик министерот за образование и наука ја промовираше книгата NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ)


Во просториите на Универзитетот во Тетово на 19 септември 2018 година беше промовирана книгата NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ) на албански јазик од авторот проф. д-р Петар Атанасов – заменик-министер за образование и наука. Станува збор за издание на Просветно дело, чија промоција ја проследија истакнати личности од светот на политиката, науката и културата.

Книгата е резултат на повеќегодишното проучување на авторот на мултикултурниот концепт како модус за воспоставување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури.

Станува збор за најважните текстови напишани на оваа тема од авторот, но и еден текст што е објавен за првпат – „Од Охридскиот договор до тиранската платформа”.

Минатата година беше промовирана книгата на македонски јазик, а сега ја доживеа и промоцијата на албански јазик.

Во неа секој ќе пронајде и дел од одговорите кои се типични за современото општество и начини на градење мултиетнички модели на соживот.

Промотори на книгата беа: проф. д-р Ѓулумсер Касапи и проф. д-р Рубин Земон.

Промоторите ја истакнаа важноста на научноистражувачката работа на авторот во контекст на градење мултиетничко општество за сите.


Видете следно

Министерот за култура се обрати на Меѓународниот семинар по балканологија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по …