Занаетчиите и институциите ќе соработуваат во борбата против сивата економија во занаетчиството


1.Координирано делување на инспекциските служби со поддршка и асистенција на МВР за спречување на сивата економија

 

  1. Примена на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност и давање на надлежност и на даночниот инспекторат во спречување на сивата економија

 

3.Развивање систем на поддршка за регистрација на неформални бизниси со советување на отпочнување на на занаетчиски  бизнис преку едношалтерски систем пропишан со Законот за занаетчиство преку ваучерски систем.

 

  1. 4. Кампања за подигнување на свеста кај институциите и граѓаните за спречување на сивата економија и последиците кои ги предизвикува ( тие работат паричните средства ги ставаат во својот џеп и не даваат никаков допринос за општествената заедница а ги користат сите благодети патишта и друга инфраструктура, здравствено, социјално осигурување, образование

 

  1. 5. Воведување на мерки за финансиска поддршка на легалниот бизнис и старт ап бизниси.

 

  1. 6. Ангажирање на локалната самоуправа да предвидува мерки за подршка на занаетчиството и отпочнување на нови бизниси со воведување на финансиски мерки за стимулирање на отпочнување на нови бизниси и финансиска поддршка на постојните, намалување на комунална такса, одобрување на локации за градба , суфинансирање на одредени дефицитарни занаети во руралните средини (единствен позитивен пример е општина Г.Б. која го поддржува занаетчиство)

 

  1. 7. Измена и дополнување во Законот за занаетчиство и можност за регистрација на дополнителна дејност од 4 часа која ќе биде поволност на сите кои што се вработени и вршат нерегистрирана доплнителна дејност .

 

  1. 8. Измена на Законот за данокот на личен доход и можност да се добие паушално оданочување со 1 или 2 вработени и зголемување на бтројот на паушално одданочени занаетчии со што ќе им се намалат административните обврски , а ќе создадеме услови за формализација на нерегистрираните вршители на занаетчиска дејност.

 

  1. 9. Воведување на идентификациони картички за занаетчиска дозвола на регистирани бизниси за препознавање од сивата економија од страна на граѓаните.

 

  1. 10. Детална анализа на оправданоста и укинување на нефискални трошоци за занаетчиите (елаборати за заштита на животната средина, такси за фирма, означување на храна,хасап систем) со што ќе се растерети занаетчиството од админисративни обврски и финансиски трошоци.

 

  1. 11. Измена на Законот за данок на додадена вредност и зголемување на прагот за ДДВ од 16 000 евра на 35 000 евра како во најголем број земји од нашето опкружување, Бугарија, Грција, Словенија.

 

  1. 12. Намалување на казните за легалниот бизнис и најава на инспекциски контроли со листа што што треба да се контролира (едукативен пристап на инспекциските служби ).

 

  1. 13. Во законот за прекршоци и во сите други закони каде се предвидени прекршоци и глоби да се пропише посебна одредба за занаетчиите кои имаат правен статус на физичко лице кое врши дејност и се разликува од правно лице ДОО, ДООЕЛ и трговец поединец.

 

14.Имплементација на Стратешки документи и акциски план за спречување на сивата економија 

 

15.Намалување на обврските на занаетчиите преку укинување или намалување на обврските предвидени со законските прописи

 

  1. Набавка на репроматеријали за легално регистрираните бизниси со намалена стапка на ДДВ за разлика од граѓаните кои вршат нерегистрирана дејност.

 

 


Видете следно

Министерството за култура отворено и транспарентно работи со СКРМ на нивните барања

Министерството за култура активно и засилено работи на текстот на новиот закон за остварување на …