Започна „Дестинација: Македонија“ најголемата Grouper кампања за патувања во државата


Водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговија, Grouper.mk, денес ја лансираше најновата кампања со попусти на локални патувања, „Дестинација Македонија“. 

Кампањата, која нуди избор од над 100 зделки за локални патувања по неверојатно ниски цени, на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности кои сè уште не ги знаат.

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации и доживувања – од прекрасната природа на Аурора Берово и Радика Маврово, релаксирачкиот спа-центар на Hotel Sirius Spa Струмица, вкусна храна и добро вино во Винарија Попова Кула, па сè до јавање коњи во Галичник.

Токму затоа минатиот викенд, Grouper беше во Градски парк Скопје, каде организираше мал видео-квиз со кој ги „распраша“ случајните минувачи – колку навистина ја познаваат Македонија. Победничката на квизот доби подарок – патување со Grouper, додека пак девојката која освои второ место доби шанса за прв пат да лета со параглајдер.

Погледни го квизот и „провери се“ – колку ти добро ја познаваш Македонија?

Кампањата која ќе трае од 25 септември сè до 1 ноември 2017 е наречена „Дестинација: Македонија“ и доаѓа во трите дела кои се неопходни за вистинско доживување на една дестинација, односно – посети место кое досега не си го посетил, вкуси прекрасна храна и традиционални јадења карактеристични за местото и искуси ја авантурата по која ќе ја паметиш оваа сезона.

Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со MasterCard спроведува и наградна игра со која – со секоја трансакција над од 300 ден. направена со MasterCard, во периодот 25 септември до 15 ноември, корисниците учествуваат во извлекувањето за Samsung S8, а дополнително секое купување над 1500 ден. носи одлични подароци. 



Видете следно

МТСП посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција од трговијата со луѓе

Стратешка определба на Владата на РСМ и на Министерството за труд и социјална политика е …