Започна тинк тенк форумот „Зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан – Учејќи од минатото, подготвувајќи се за иднината”


Тинк тенк форумот „Зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан – Учејќи од минатото, подготвувајќи се за иднината” во организација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Центарот за источни студии од Варшава и Амбасадата на Република Полска во Скопје официјално започна вчера (13.05) во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Форумот го отвори Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ кој рече дека Берлинскиот процес ја губи моќта без веродостојно проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан врз основа на нивните индивидуални заслуги.

-Без оглед на модалитетите за проширување и внатрешното преиспитување на Европската Унија, вратата мора да остане отворена за оние кои се залагаат за видливи реформи и на крај мора да станат земји членки на ЕУ – вели Трошановски.

Директорот на Центарот за источни студии, Адам Еберхард истакна дека тинк тенк форумот е одличен вовед за претстојниот самит за Западен Балкан кој ќе се одржи во Познан во јули годинава.

Истата порака ја испрати и Шимон Шинковски вел Сек, заменик министер за надворешни работи на Република Полска и додаде дека за Полска е многу важно да ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивната интеграција во ЕУ.

Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи на Северна Македонија  порача дека со Договорот од Преспа, Северна Македонија направила голем чекор напред.

-Ако ЕУ не ги награди нашите напори, ќе изгуби кредибилитет во регионот и ќе испрати погрешна порака и до реформските ориентираните лидери на Западен Балкан но и до авторитарните – потенцираше Жерновски.

Maќиej Поповски, заменик-директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија рече дека договорите што Северна Македонија ги постигнала со нејзините соседи Бугарија и Грција го трасирале патот на земјата во ЕУ и НАТО. Тој додаде дека целиот напредок на земјата ќе биде нотиран во извештајот за земјата кој ќе биде објавен за две недели.

На Форумот свое учество имаат претставници на граѓанското општество, академици од земјите од Западен Балкан плус Хрватска и Словенија, Вишеградските земји како и од други земји-членки на ЕУ. Исто така, учество зеде и висок претставник на Директорат за проширување и соседска политика на Европската комисија.

Настанот трае два дена и третира теми поврзани со Берлинскиот процес во контекст на полското претседателство, како што се регионалната соработка, безбедноста, миграцијата, европската интеграција на земјите од Западен Балкан, нивно вмрежување како и за надминување на билатералните проблеми.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …