Започнува со работа проектот за развој на стручни вештини и вработување на БЕФ


Здружението за регионален развој Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб академијата Еверест и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) го објави јавниот повик за кофинансирање стручни студии во област на веб развојот (front-end девелопер).

Проектот има две цели. Прво, да ги оспособи одбраните кандидати за позицијата Front-end девелопер, а потоа, по студиите да им помогне во наоѓање работа преку мрежа од над 150 ИТ компании. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката им е наменета пред сѐ на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со попреченост.

Пријавувањето на кандидатите трае до 15 септември а се врши на веб страната на BEF. (http://www.balkaneconomicforum.org/wp/e4e-kofinansirani-strucni-studii/)



Видете следно

ПРОМОЦИЈА НА КОЛУМНИТЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ – ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ БОРБАТА НА ПРОФЕСОРОТ !!!

На  18 Октомври (петок) во 12:00 часот во свечениот амфитеатар на Правен факултет при УКИМ …