Zara почнува да продава онлајн во Русија


Компанијата мајка на Zara Inditex влезе на рускиот пазар во 2003 година и постепено ги донесе Zara, Pull & Bear, Massimo Dutti, Bershka, Stradivarius, Oysho, Zara Home и Uterque.

Шпанскиот гигант има 355 продавници во над 30 градови. Всушност Zara ќе биде првиот голем западен продавач со такво масивно онлајн присуство во Русија.

Веќе десет години по доаѓањето на рускиот пазар, синџирот Zara објави и онлајн продажба. Сајтот е базиран на меѓународната платформа преку која групата продава во 21 други држави (Западна Европа, Северна Америка, Полска, Кина и Јапонија ), објави сајтот East – West Digital News.

Zara ветува да ги испорача купените стоки меѓу два и седум работни дена насекаде во Русија.


Видете следно

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …