Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на Владата


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваа на конференцијата на тема „Заштита на шумите, искуство и научени лекции од Италија“, заедно со амбасадорот на Италија, Карло Ромео и генералот на италјанската Карабињера, Донато Монако.

Целта на денешната конференција беше да се презентира моменталната состојба на шумите и стопанисувањето со нив, како и да се слушнат искуствата на Италија во областа на справување со пожарите и нелегалната сеча.

„Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од нашите приоритети во спроведувањето на политиките за одржливо стопанисување со шумите.Пожарите, нелегалната и нерегистрираната сеча се голема закана за нашите шумски ресурси и тоа доведува до широк спектар на разурнувачки економски, социјални и еколошки проблеми. За прв пат минатата година побаравме од Државниот завод за ревизија да подготви извештај за „Ефикасност на мерки, политики и проекти за заштита на шумите во Република Македонија“, но покажа дека изминатите години не се изработени важните законски и стратешките документи на оваа тема, и воопшто не се вложувало во заштита на шумите“, изјави министерот Николовски

Министерот Николовски посочи дека за намалување на штетните влијанија врз шумите и справувањето со нелегалната сеча,  потребно е почитување на принципите за одржливо управување со шумите на институциите кои законски се надлежни за шумите, силни надзорни и контролни органи и ефикасна координација со другите институции. Во тоа, клучна е улогата на  Министерството за внатрешни работи и нејзините служби, транспарентните постапки, како и силно владеење на правото, ефикасен судски систем, вклучувајќи го тука и Јавното обвинителство, но и едуцирани и ангажирани граѓани.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …