Заштитни маски и ракавици за посетителите на бензинските станици со брендот ОКТА во Скопје


Сите посетители  на  бензинските станици со брендот ОКТА во Карпош 3, Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда, на автопатот Скопје – Тетово (после првата наплатна рампа) и на автопатот Тетово – Скопје (пред последната наплатна рампа) ќе добијат бесплатни заштитни маски и ракавици. Заштитните средства ќе бидат достапни се додека има расположливи количини. Со овој гест се упатува апел до граѓаните да се заштитат и да ги следат препораките на надлежните институции и мерките за спречување на ширењето на КОВИД 19.

Со цел заштита на своите вработени, на посетителите, а и на граѓаните пред се, од самиот почеток се следат насоките и се применуваат превентивните мерки во целост. Сите вработени на бензинските станици со брендот ОКТА се обезбедени со заштитни маски и ракавици, а се преземаат и сите препишани мерки за постојана дезинфекција на објектите.


Видете следно

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на Министерството за здравство и Инфективната клиника во Скопје

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, НЛБ Банка АД …