Засилени инспекциските надзори на ДИЖС


Државниот инспекторат за животна средина во текот на 2019 година заклучно со 31.10.2019г. има извршено 1969 надзори на инсталации кои подлежат на А-ИСКЗ Дозволи и Елаборати за животна средина проследени со исто толку записници за констатација и при тоа, во инспекциска постапка имаат издадено 215 Решенија со соодветни законски мерки (наредува/забранува), 45 прекршочни и 6 кривични пријави и еден прекршок од трета категорија.

По одржаниот координативен состанок за засилување на инспекцискиот надзор од испекциските служби на државнио и на локално ниво, ДИЖС има извршено вонредни инспекциски надзори на на 4, 5 и 6 ноември, во 20 инсталации чие инспекторирање е во негова надлежност.

Покрај редовните, вонредни инспекторирања се вршат паралено на територија на целата држава и направени се на Депонијата Дрисла, Цементар УСЈЕ-ТИТАН, Пејпер Мил Кочани, ТЕТЕКС АД Тетово, ВАРДАР ДОЛОМИТ, Гостивар, А.Д. ТЕАЛ Тетово; ТЕТЕКС Јарн Тетово; БЛУЕ ТЕКНОЛОГИ Тетово; ДС-СМИТ АД СКОПЈЕ, Викторија Инвест, асфалтна база во с.Ново Село Дебрца, ГП Гранит асфалтна база –Битола, АД ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ с.Хамзали Босилово, Техно Павер Превалец, Велес, ТУЛАНА АД Гостивар, ГОРНИ ПОЛОГ од Гостивар; Макстил АД Скопје, ДТУ АГРОМАРКЕТ ИГОР ДООЕЛ с.Владиевци опш.Василево, Живинарска фарма Ветеринар Гевелија.

Во дел од инсталциите мерењата се во рамки на дозволените граници, дел се задолжени да вршат вонредни мерења покрај редовните од дозволите, дел каде претходно имаат издадено решенија за забрана на работа констатирано е дека се почитуваат, а дел воопшто не работат.


Видете следно

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи почесно предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет. …