Затвори фабриката на Peugeot Citroën крај Париз


Концернот PSA (Peugeot Citroën) зеде конечна одлука за затворање на фабриката лоциран крај Париз, пренесе Radio France International (RFI).

На речиси 3.000 вработени во фабриката им се заканува да ги загубат своите работни места. На крајот на октомври од фабриката за автомобили во Олне -су – Буа (Aulnay – sous – Bois) ќе излезе последното возило Citroën С3. Компанијата PSA Peugeot Citroën – одлучи да ја затвори фабриката следната година, во рамките на планот за финансиско спасување на концернот.

За тоа дека се прекинува производството на Citroën во Олне -су – Буа, стана познато на 30 август. Фабриката, во која работат над 3.000 лица, стана еден од симболите на процесот на “деиндустриализација” на Франција. Во последно време производството таму падна од 700 возила на ден на не повеќе од 15 возила Citroën од моделот С3.

Компанијата Peugeot Citroën објави двегодишен план за реконструкција на производство со цел – да се спречи банкрот и ликвидација на хроничниот дефицит.

За разлика од другиот француски автомобилски концерн – “Рено”, Peugeot Citroën се фокусира главно на европските пазари, без да развива производство и продажба надвор од границите на ЕУ. Така, во текот на две години, компанијата планира да скрати 11 200 работни места и да се ликвидира целосно фабриката крај Париз .

На местото на фабриката крај Париз, автомобилскиот концерн планира да формира центар за логистика со 540 вработени


Видете следно

ПОСЕТИ ВО „ГЕНТЕРМ“ И „АСП-ПАК“ НА АГЕНДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денес ќе ја посети …