Заврши меѓународна коференција за продлабочување на односите меѓу граѓаните од Дупница и Крива Паланка


Заврши четиридневната меѓународна конференција, која се спроведе во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.

Конференцијата започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администарција и на советите на општина Дупница и општина Крива Паланка, на која беше потпишан и Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини и продолжи во наредните денови.

Оваа меѓународна конференција има за цел, продлабочување на односите меѓу граѓаните, невладините организации, деловните и општинските административни организации меѓу двете општини. На 4-дневната конференција  учествуваа претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот.

На конференциските денови се дискутираше на различни теми од областа на спортот и унапредувањето на условите за развој и омасовување на спортот.

Беа разгледани можностите за заеднички кампови на спортски клубови на ниво на училиштата за деца и адолесценти. Беше констатирано дека,  општините секоја година треба да доделат што е можно повеќе ресурси за спортски клубови, бидејќи натпреварувачите се оние кои со своите успеси го носат имиџот на нивниот роден град. Беше разгледана и темата за развој на локалниот бизнис помеѓу двете општини и културни размени.

Дискусиите  особено беа насочени  кон развојот и стимулацијата  на младите луѓе, за земањето учество во разни спортски и културни иницијативи, вклучувајќи и можности спортот да стане туристички производ и можност за претприемништво меѓу населението. На средбата имаше и презентација на организациите од областа на спортот од двете општини кои ги покжаа и ги споделија своите вештини и искуство во спорната сала на општина Дупница.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …