Заврши првиот фестивал на светлината – Skopje Light Art District


Првиот фестивал на светлината, Skopje Light Art District, кој од 6-ти октомври до денеска се одржуваше во главниот град на Македонија, заврши.

Водени од мотото “следи ја патеката…“, неколку илјади посетители во изминатите три дена уживаа во интерактивните светлосни поставки, пеформанси и инсталации на 23-цата странски и домашни светлосни уметници.

Отворањето на фестивалот беше проследено со 3-димензионалното мапирање на Милчо Узунов и Златко Славенски, проектирано на фасадата на зградата Ибни Пајко, а заинтересираните, следејќи ја “патеката“, можеа до денес да ги погледнат изложените дела. Светлечките ГМО зелки, автомобилите кои го имитираат ефектот на стаклена градина, добрите духови, рибегалците, силуетите и останатите поставки, со својата креативност и шареноликост, успеаја да им го задржат вниманието на скопјани, но и да додадат малку повеќе светлина и боја во нашето секојдневие.

Универзалната сала, како организатор и фестивалот Skopje Light Art District, им се заблагодаруваат на граѓаните за посетата и учеството во фестивалот и се надеваме на уште поуспешен Skopje Light Art District 2019.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …