Завршија редовните road-show активности на Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони


Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, денеска ја завршија четири дневната посета на Германија, како дел од редовните road-show активности.

За време на посетата беше направен follow-up со поголем број на компании со кои Дирекцијата за ТИРЗ е во постојан контакт и напредни преговори за инвестирање веќе подолго време, а дел произлегоа како резултат на Владиното road-show во Германија организирано во соработка со Financial Times. Беа посетени германски и американски компании чие европско седиште е во Германија од автомобилската, машинската, електро индустријата и банкарскиот сектор во околината на Дизелдорф, Штутгарт и Франкфурт.

Неколку компании потврдија посети на Македонија во текот на месец април со цел да се финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.

На дел од состаноците тимот беше придружуван од економските промотори во Германија Афродита Кермичиева Пановска и Бојан Милиновиќ.


Видете следно

Аирбнб повторно со пораст на резервациите

Онлајн платформата за резервации за сместување Аирбнб соопшти дека на 8 јули се регистрирани еден …