Зборот „педер“ ја огласи и Пировска: Еве каква порака му испрати извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права


Премиерот Зоран Заев вчера предизвика силни реакции во јавноста, откако изјави дека нема да дозволи некој да го инволвира него во случајот „Рекет“, ниту пак, „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата.

На оваа изјава реагираше и Уранија Пировска – извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Таа во првиот пост напиша дека оваа изјава делува гнасно по многу основи!

„Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!“, пишува Пировска.

Потоа премиерот јавно се извини и на Твитер напиша:

„ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега“, напиша Заев на Твитер.

По овој статус со извинување се огласи повторно Пировска: „НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“, му посочи Пировска.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …