Здружението Добредојде Маседониа Велкам Центар во соработка со Француската Амбасада и Меѓународниот Моден Институт Изет Цури, денес со почеток во 19 часот во Музеј Македонска борба ќе ја организираат модната ревија: Made in North Macedonia „ Женски Вештини “.
И оваа година повторно заедно во соработка на Француската Амбасада , a по повод 8ми март – меѓународен ден на жената и 5 јубиларни години од работата на Меѓународен Моден Институт Изет Цури ќе се одржи модната ревија: Made in North Macedonia „ Женски Вештини “.
Под менторство на Проф.Изет Цури ке се престават 30тина студенти со свои дизајни , од 1ва до 4та година .
Модната ревија ќе ја отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија