Здружението на пчелари ПЧЕЛА од Крива Паланка во донаторка акција од пчеларите за најмалите


Денес  здружението на пчелари –ПЧЕЛА од Крива Паланка донираше мед за децата од градинката ,,Детелинка“ и за  штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост.

Членовите на здружението на пчелари ,,Пчела“ досега немале ваков тип на активност и благодарение на воспоставената и позитивна соработка со општина Крива Паланка,продолжија да  развиваат и негуваат и друг вид на соработката и со другите локални институции.

Денешното донирање  на мед за најмалите и најранливите членови на локалната заедница претставува прв чекор во понатамошните хумани активности на ова здружние, кое планира ваквите активности да станат традиција, а воедно и мотивација за останатите здруженија и организации за пружање на помош и поддршка на  оние на кои им е најпотребна.

Директорката на детската градинка ,,Детелинка’’, Мирка Јакимовска и раководителката на Одделението за дневен престој на лица со попреченост, Добринка Давитковска се заблагодарија од името на натавниците и на дечињата и штитениците, и изјавија дека секој вид на донација и помош за нив како институции се од големо значење.


Видете следно

Министерството за култура отворено и транспарентно работи со СКРМ на нивните барања

Министерството за култура активно и засилено работи на текстот на новиот закон за остварување на …