Здружението Служба за спасување и помош ,,Спасител“ од Крива Паланка рализираше акитвност


Здружението Служба за спасување и помош ,,Спасител“ од Крива Паланка на ден 13.10.2019 г. на Калин Камен рализираше акитвност -презентација на тема орјентација на земјиште и практично укажување на прва помош на повреден. Оваа активност на здружението  е дел од опроектот ,,Биди свој“кој здружението го рализира со помош на финаниските средстава од буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2019 год.

На презентацијата активно учество зедоа 25 учесници од различни возрасти од општина Крива Паланка, а имаше и голем број на излетници- набљудувачи.

Мисијата на здружението Служба за спасување и помош ,,Спасител“ е низ своите активности да допринесат во подигањето на културата на живеење  во урбаните и руралнуте средини во локалната заедница, регионот и пошироко, како и унапредување на личноста како индивидуа и полесно достигање на психофизичките, интелектуални и духовни можности на секоја личност како поедонец и одговорен граѓанин.

 


Видете следно

Извршниот директор на „Њујорк Тајмс” очекува згаснување на печатените медиумите за 20 години

Њујорк, 11 август 2020 (МИА) – Извршниот директор на „Њујорк Тајмс” Марк Томпсон, вели дека …