epa09912707 A handout photo made available by the Ukrainian Presidential Press Service shows Ukrainian President Volodymyr Zelensky during a meeting with his cabinet and visiting parliamentary delegations, among them from Switzerland, Romania and North Macedonia in the parliament building in Kyiv (Kiev), Ukraine, on 27 April 2022. EPA-EFE/UKRANIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Зеленски: Украина не е тампон зона меѓу Западот и Русија, таа во иднина ќе биде членка на ЕУ


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во ЕУ, денеска изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.

Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече ​​„точка од која нема враќање”, соопшти неговата прес-служба.


-Денеска е признато: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е сива зона,  не е транзитна територија. Таа не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ, изјави Зеленски, пренесен од украинските медуми. 


Видете следно

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел

Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното …