Breaking News

epa10091405 Ukrainian President Volodymyr Zelensky speaks during the joint press conference with Guatemalan President Alejandro Giammattei after their meeting at Mariinsky palace in Kyiv (Kiev), Ukraine, 25 July 2022. Alejandro Giammattei arrived in Kyiv and met with President Zelensky and top Ukrainian officials amid the Russian invasion. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад


Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад, стои во декретот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседателски кабинет.


Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки.


Рестриктивни мерки се изречени за уште 300 физички и 141 правно лице. Повеќето од оние на списокот со санкции се руски државјани, но во него има и голем број ирански државјани. Рестрикциите влијаат на руските компании за истражување и производство, бродоградба и воздухопловство. На списокот се и неколку ирански компании.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, воведување ограничувања на комерцијалните трансакции и транзит на ресурси, забрана за учество во приватизацијата во Украина, престанок на извршувањето на економските и финансиските обврски кон санкционираните и конфискација на украински државни награди. паг/


Киев, 18 март 2023 (МИА)