Земји со најскап и најевтин бензин во светот


Турција и Норвешка се земјите со најскапиот бензин во светот, додека во Венецуела можеме да полниме најевтино. Ова го покажуваат податоците на Bloomberg, во истражувањето на цената за 60 земји.

Галон бензин, што е еднакво на 3.78 литри е со цена од 7,5 евра во Турција и 7,5 евра во Норвешка. Тоа значи дека литар бензин чини околу 180 денари, покажуваат пресметките.

Меѓу земјите со највисоки цени на горивото се наоѓаат Холандија, Италија и Франција, каде што 1 литар можеме да купиме за околу 1,75 евра.

На дното на листата е Венецуела, каде што цената на еден литар бензин е едвај 3 центи. Скоро 11 пати е поскапо во Саудиска Арабија (0.9 евра).

Во Кувајт и Египет цената е соодветно 0,16 и 0.20 евра, а во Обединетите Арапски Емирати – 0,35. Ефтино е горивото и во Иран и Малезија.


Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев во посета на општина Градско: Се решаваат реални проблеми на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со министерот …