Земјите со највисока просечна плата


Просечната плата го покажува животниот стандард на една држава.

Секако, постојат и други фактори, како цени, даноци, осигурување и др., кои треба да се земат предвид, но сепак, високата просечна плата зборува елоквентно за квалитетот на животот во земјата.

Ова 10-те земји со највисока просечна плата во светот, пренесува профит.

Платите се дадени на годишно ниво, по даноци. На прво место се САД со 42 000 долари годишно.

Ова се топ 10:

 

10. Холандија – 29 269 долари

Во земјата се наоѓа најголемото пристаниште во Европа – во Ротердам. Економијата доминира во секторите прехранбена индустрија, електронска стока, туризам, хемиска индустрија.

9. Јужна Кореја – 31 051 долари

Тоа е највисоко рангирана земја од Азија. Таа е 6-тиот најголем извозник и 10-от најголем увозник во светот. Таа е 5-тиот најголем производител на атомска енергија. Просечната плата е 35 406 долари годишно, и се задржуваат само 12.3% за даноци.

8. Норвешка – 31 101 долари

Земјата е богата со ресурси како нафта, риба, шуми и минерали. Има бесплатен и многу ефикасен здравствен систем. Државата поседува значајни удели во повеќето клучни сектори.

Просечната плата е 43 990 долари, од кој се задржуваат 29.3%.

7. Канада – 32 662 долари

Таа е една од ретките развиени земји во светот, кои не извезуваат енергија. Има богати наоѓалишта на нафта. Канада е производител на земјоделски производи, цинк, ураниум, злато, никел, алуминиум, житарици.

6. Велика Британија – 33 513 долари

На услужниот сектор спаѓа помалку под 75% од БДП на земјата. Туризмот е многу важен за земјата. Лондон е најпосетениот град во светот и е важен финансиски центар. Единбург во Шкотска, исто така е важен финансиски центар за Европа.

5. Австралија – 34 952 долари

Просечната плата е 44 983 долари, се задржуваат 22.3% за даноци.

4. Швајцарија – 35 471 долари

Државата има силен производствен сектор во кој се фокусира на фармацевтските производи, хемиските препарати, мерните инструменти и музичките инструменти.

Економијата се потпира уште на банкарство, осигурување, туризам.

3. Луксембург – 37 997 долари

Најважните сектори во државата се банките и финансиите.

2. Ирска – 41 170 долари

Во економијата во фокус се Високотехнолошките услуги.

Просечниот бруто приход е 50 764 долари, од кој се задржуваат 18.9%.

1. САД – 42 050 долари

САД се најголемиот увозник на стоки во светот и втор најголем извозник. Бруто среден приход е 54 450 долари, и се задржуваат 22.8%.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …